Хаос во Серија А: Суспензии за тројца судии

Во Калчо-лигата владее хаос по серијата катастрофални судиски одлуки од минатото коло кое беше заокружено со синоќешниот триумф на Интер над Џенова. „Нероаѕурите“ имаа помош од судијата Џовани Ајролди кој им подари пенал за водство од 2-0 во мечот што на крајот заврши со минимални 2-1 за Интер, па Ајролди е третиот судија што доби суспензија за своето издание во минатата рунда од Серија А.

Како грев му се зема досудениот пенал за стартот над Барела иако беше очигледно дека дефанзивецот на Џенова има контакт со топката пред да стартува врз играчот на Интер, а Ајролди погрешил и при доделување на жолтиот картон на Лаутаро Мартинез.

Марко ди Бело е казнет со едномесечна суспензија по катастрофалното водење на дербито Лацио – Милан, на кое судијата целосно ја загуби контролата над мечот на доделувајќи вкупно 11 жолти и три црвени картони (сите три за домашните фудбалери).

Суспензија заработи и Матео Маркети за грешките на дуелот Торино – Фиорентина што заврши без голови. Се очекува Маркети да биде суспендиран во наредните две рунди од Калчо-лигата, додека Ајролди според најавите ќе добие суспензија од само еден натпревар.

Се вчитува...