Играчот на Барселона, Иниго Мартинез ги загуби нервито откако слушнал навреди од навивачите пред клупскиот тренинг камп. Мартинез си заминувал со автомобилот од тренинг, откако двајца млади навивачи му рекле дека е глупав. Мартинез го сопрел автомобилот среде улица, излезе и се расправаше со навивачот.
„Ова ти е последен пат да ме нарекуваш глупав, дали ти е јасно. Последен пат и на тебе и на твојот пријател“, урлаше Мартинез кој се сопре и физички да го нападне навивачот.
„Марка“ пишува дека присуство на навивачи пред кампот на Барселона е вообичаена пракса, и цело време ги провоцираат играчите и се обидуваат да снимаат видеа. Некои од нив земаат автограми и потоа ги продаваат. Кансело пред еден месец ги нарече „паразити“.
⛔️✋🏼 Inigo Martinez said stop to some fans insulting him. pic.twitter.com/YZJcs8WFFe
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

