Баерн Минхен загуби од Манчестер Сити со 3-0 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Англискиот шампион е на дофат до полуфиналето со головите на Родриго во 27. минута, Бернардо Силва во 70. минута и Ерлинг Халанд во 76. минута.
По мечот настанал вистински хаос во соблекувалната на Баварците, пренесуваат германските медиуми. Наводно дошло до тепачка меѓу Садио Мане и Лирој Сане. Мане наводно го удрил Сане по лицето, а причината била нивната расправија непосредно пред крајот на натпреварот. Германски „Билд“ наведува дека во соблекувалната имало дискусија за ситуации од натпреварот, при што Мане и Сане завршиле во расправија. Мане не сакал да премолчи и после тоа дојде до физичка пресметка.
Мане по натпреварот бил видно нервозен, пренесуваат англиските медиуми. Набрзина помина покрај новинарите во микс зоната, а Германците пишуваат дека Сенегалецот е нервозен затоа што отпаднал од првиот тим по опоравувањето од тешката повреда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

