Хаос во соблекувалната на Реал: Фудбалерите меѓу себе се гаѓале со шишиња и столчиња

Ситуацијата во Реал Мадрид е катастрофа, а како што пренесуваат шпанските медиуми Чаби Алонсо ќе добие отказ доколку загуби од Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Причина плус за оваа ситуација е и тоа што се случувало во соблекувалната на кралевите по поразот од Селта Виго на домашен терен со 0-2.

По завршувањето на натпреварот во соблекувалната на мадриѓани се случувал вистински хаос.

Како што пренесуваат медиумите од Пиринеите по мечот во соблекувалната на Реал летале столчиња, шишиња и завои. Дел од фудбалерите биле лути на одлуките на главниот судија, а другата половина негодувале на соиграчите поради однесувањето.

Како ќе заврши целата сага поврзана со Реал Мадрид останува да видиме.

Се вчитува...