Хаос во Сплит: Во страшното невреме оштетен и „Пољуд“

Страшниот ветер што синоќа направи хаос во Сплит и голем дел од Далмација направи сериозни оштетувања и на стадионот „Пољуд“, објави денеска раководството на Хајдук.

Делови од покривната конструкција се изместени од силниот ветер, додека поројниот дожд што паѓаше го оштети тревникот на овој фудбалски храм. Во Хајдук се шокирани од она што се случи, па откажана е денешната промоција на која новото засилување Фран Карачиќ требаше да биде претставен на јавноста.

Наместо тоа, дојдените новинари имаа можност да прошетаат по „Пољуд“ и самите да се уверат во оштетувата на домот на сплитските „бели“.

„Најголемите оштетувања се на делот каде се спојуваат јужната и западната трибина, таму покривот делува најлошо. Чекаме целосно да се смири невремето за да ангажираме аплинисти со што би се утврдило и нивото на оштетувањата, но јасно е дека ситуацијата е лоша. Големи оштетувања има и на тревникот што беше неодамна променет и токму во овој период беше во осетлива фаза, а сега имаме проблем и со него. На неколку места на самиот стадион имаме прекин на електричната енергија, а поплавени се и неколку клупски простерии. Исто така, оштетена е и салата во внатрешноста на стадионот“, објави портпаролот на Хајдук.

Се вчитува...