Виктор Гијокереш одигра уште една сезона за паметење постигнувајќи вкупно 54 погодоци, се чинеше дека шведскиот ас летово дефинитивно ќе си замине од Спортинг Лисабон, а во трка за неговиот потпис се најдоа Манчестер Јунајтед, Арсенал, Атлетико Мадрид.
Португалските медиуми претходно најавуваа дека постои џентлменски договор со кој Швеѓанецот ќе добие зелено светло за трансфер за 70 милиони евра, но претседателот Фредерико Варандас во последните денови влезе во војна со агентот на Гијокереш.
Имено, Спортинг инсистира целата сума да биде исплатена без никакви клаузули, Гијокереш дури и се заканил со штрајк, но првиот човек на Спортинг испрати гласнна порака:
„Тој што сака да го добие Гијокереш ќе мора добро да плати. Не е точно дека сме се договориле Виктор да си замине за 60 милиони евра, плус 10 милиони преку клаузули. Тоа никогаш не било договорено… не разбирам што сака да направи неговиот агент, со ваквите маневри само ја влошува ситуацијата. Закани и уцени не се рецептот со кој можете да функционирате со мене“, изјави Варандас за весникот „О Жого“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

