Хаос во Србија: Тадиќ поради Пикси нема повеќе да игра за репрезентацијата?

Србија вчера испадна од ЕВРО 2024 година. Со еден пораз и две ремија, избраниците на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси завршија на последното место во групата Ц каде беа со Англија, Словенија и Данска.

И покрај тоа што во Германија заминаа со големи амбиции, сепак, Србите на крајот се пакуваат за дома. Српските медиуми пишуваат дека репрезентацијата ќе добие сосема поинаков лик во иднина, со оглед дека Тадиќ скришно најавил повлекување.

И додека Стојковиќ изрази задоволство од играта, фудбалерите не го кријат своето разочарување. Тадиќ, кој на првиот меч со Англија остана на клупата, а по мечот рече дека „е најдобар играч на селекцијата и дека требало да го почне дуелот“.

Сега кажа што се случувало на полувремето на тој меч, а ја оцени и играта на целиот турнир.

„Не почнав со Англија, но јас сум неважен. На полувреме ми кажува мене и на Илиќ да се подготвуваме и дека влегуваме. Јас давам „полна гас“, и потоа вели дека само Илиќ ќе влезе. Не знам, природно е да бидам повреден. Не сакав никого да навредам. Можеби некому ќе звучи арогнатно, но сакав да преземам одговорност и да бидам пример. Не ми е цел ништо да зборувам за другите. Таква е одлуката. Тука сум, и ќе играм колку што ќе ми кажат“, рече Тадиќ.

Се вчитува...