Хаос во Србија: Тепачка на трибините, навивач мораше да биде реанимиран (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Војводина и Спартак во српското првенство имаше и „трето полувреме“ на трибините каде две навивачки групи на домаќинот меѓусебно си ги одмерија силите, а лесно можеше да заврши и трагично откако млад навивач заврши во Ургентен центар.

Војводина загуби пред своите навивачи кои незадоволството од резултатот, а и нерасчистените сметки се одлучија да ги измерат на трибините користејќи и факели. Општиот хаос беше проследен и во живо на телевизија додека известуваше новинарката на Арена Спорт.

Според информациите на српските медиуми едно лице родено во 2002 година завршило на Ургентниот центар каде морало да биде реанимирано за да му биде спасен животот.

Се вчитува...