Хаос во Србија: Застрелан УФЦ-борец (ВИДЕО)

Поранешниот УФЦ-борец, Бојан Михајловиќ синоќа бил застрелан во Србија, според првичните информации бил погоден со два куршуми, по што во моментов лекарите се борат за неговиот живот.

Српските медиуми пишуваат дека лекарите во моментов се борат за животот на 44-годишниот Бојан Михајловиќ. Според неофицијални информации, во пензионираниот борец пукал Миша Милетиќ, откако претходно се расправал со Бранко Бабиќ. Бабиќ видеото од тепачката го објави на Инстаграм, Мишетиќ отишол дома да земе оружје, а кога се вратил дошло до пукање.

„Драги пријатели, вечерва во Оџаци мојот пријател беше ранет со два куршуми од водачот на студентските протести. Ова е војна. И запомнете, нема да заврши вака“ – рече Бранко Бабиќ.

Watch on TikTok

Во текот на својата ММА кариера, Бојан Михајловиќ забележа 16 професионални настапи. Забележа 10 победи и шест порази, а три пати настапуваше под покровителство на УФЦ. Противници му беа Френсис Нгану, Јоаким Кристенсе и Абдул-Керим Едилов, а Михајловиќ ги загуби сите три меча со прекин. После тоа, тој не се врати на арената.

Се вчитува...