Стотици холандски навивачи кои пристигнаа денеска во Тирана по повод утрешното финале во Лигата на Конференции меѓу Феенорд и Рома, направија хаос низ градот. Во еден момент дел од фановите се пресметаа со полицијата во главниот албански град, по што причинета е материјална штета, а неколку навивачи и припадници на полицијата се повредени.
Албанската полиција пријавила три случаи на инциденти. Во првиот случај Албанец ги провоцирал холандските навивачи пеејќи за Рома, па бил удрен со стол во главата, и пренесен во болница. На неколку стотици метри од седиштето на Владата, полициските сили се судрија со 200 фанови, кои фрлаа со палки и камења, при што се повредени двајца полицајци. Други судири биле пријавени во центарлното подрачје, каде „настрадале“ автомобилите на полицијата.
Според последните информации повредени се вкупно шест полицајци, додека над 13 навивачи се приведени. Немирите траат и во доцна на ноќта, а бројката на приведени ќе биде уште поголема. Засега не се пријавени инциденти со навивачи на Рома.
tirana getting destroyed by feyenoord football fans who is surprised pic.twitter.com/HheUAsanom
— igli (@iamiglilime) May 24, 2022
#Tirana Tonight #ConferenceLeague #Roma #feyenoordrotterdam #Tirana #Feyenoord pic.twitter.com/vG0IpqcFF1
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) May 24, 2022
24.05.2022, From Tirana, Roma🇮🇹 vs acab https://t.co/Fjy3xrlEmQ#ASRoma #hooligans #feyenoordrotterdam pic.twitter.com/HncE5taKKL
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) May 24, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА