Српскиот тенисер Хамад Меџедовиќ не успеа да се пласира во осминафиналето на турнирот во Токио, бидејќи денеска во првото коло загуби од Данецот Холгер Руне со 2-0 во сетови.
Во текот на овој меч двајца тенисери беа видени како се расправаат, а српскиот играч не се двоумеше да му каже на противникот се што мисли.
На Меџедовиќ не му се допадна однесувањето на Руне во последните неколку поени од тајбрејкот, кога и Хамад имаше сет-поен.
„Никој не те сака, а ова е доказ. Никогаш нема ни да се извиниш. Секое нормално човечко суштество барем би знаело да се извини. Никој не те сака. Сите луѓе ми го кажаа тоа. И не ми е баш гајле што ќе ми кажеш“, рече Меџедовиќ.
DÍSELO CLARO HAMAD EL RUNE ES UN RETRASADO 🤦 pic.twitter.com/90hTsMAzrk
— MedjeGordovic (@MedjeGordovic) September 25, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

