Вистински хаос се случува во младата репрезентација на Црна Гора, а по заедничкиот состанок е одлучено дека е неопходно од тимот да биде исфрлен капитенот Стефан Милиќ.
21-годишниот фудбалер требаше да биде дел од тимот на Црна Гора за мечевите против Шведска и Ирска, но тоа нема да се случи. Селекторот Миодраг Вукотиќ донесе одлука да го исфрли од тимот.
Причината се уште не е позната, но јасно е дека во прашање се работи за недисциплина. Милиќ е фудбалер на Динамо Загреб каде стигна во 2020 година од редовите на Будучност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА