Здружението „Фудбал Црна Гора“ побара, преку соопштение испратено до јавноста, смена на претседателот на Фудбалскиот сојуз на оваа земја, Дејан Савичевиќ.
Со остар тон, Здружението наведува дека причината е катастрофалната состојба во црногорскиот фудбал и целосната неодговорност на раководството, предводено од Савичевиќ.
Последен во низата неуспеси е дебаклот на репрезентацијата на гостувањето кај Фарските Острови (4-0) како дел од квалификациите за Светското првенство. Дејан Савиќевиќ, како член на ДПС, партијата на Мило Ѓукановиќ, стана претседател на Фудбалскиот Сојуз на Црна Гора во 2004 година. Тој беше повторно избран на таа позиција во 2009 година, потоа во 2013 година, потоа во 2017 година и во 2021 година.
Досега, Савичевиќ претседаваше со осум квалификациски циклуси на репрезентацијата, а Црна Гора никогаш не успеа да се квалификува за големо натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

