Голем скандал ја тресе Турција утрово. Од рано наутро се извршени апсења низ целата земја.
Фудбалерите на Фенербахче и Галатасарај, Мерт Хакан Јандаш и Метехан Балтачи, беа приведени како дел од огромна операција под обвинение за обложувања во фудбалот. Обвинителството, исто така, објави дека е приведен и судијата Зорбај Кучук.
Голем број професионални фудбалери, менаџери, претседатели на клубови беа уапсени, сето тоа како дел од истрагата што ја спроведува Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Истанбул.
Така, беа приведени и Мерт Хакан Јандаш и Метехан Балтачи од Фенербахче и Галатасарај. Турските медиуми објавија дека куќата на Мерт Хака Јандаш во моментов се претресува.
Mert Hakan Yandaş’ın evinde şu sıralarda arama yapılıyor. (Ekol TV) pic.twitter.com/M4HI9HPvFg
— Nexus Sports (@nexustransfer) December 5, 2025
Судијата Зорбај Кучук беше приведен бидејќи има сомнителни финансиски трансакции што беа откриени на неговите банкарски сметки.
Метехан Балтаџи, играч на Галатасарај, наводно се обложувал на натпреварите на својот тим.
Metehan Baltacı’nın kendi takımının maçlarına bahis oynadığı tespit edildi. pic.twitter.com/enMJmmY54w
— Nexus Sports (@nexustransfer) December 5, 2025
Исто така, еден од притворените е и поранешниот претседател на Адана Демирспор, Мурат Санџак.
🚨 Adana Demirspor’un eski başkanı Murat Sancak da gözaltına alınanlar arasında yer alıyor. (Sözcü) pic.twitter.com/0kGm3xWwbN
— Nexus Sports (@nexustransfer) December 5, 2025
Вкупно 27 фудбалери се приведуваат во моментов, а во моментов е откриен само идентитетот на Балтаџи, кој се обложувал на натпреварите на сопствениот тим.
Сопственикот на Анкараспор, Ахмет Окатан, претседателот на Анкараспор, Мехмет Емин Катипоглу, и претседателот на Назили Беледијеспор, Сахин Кају, како и двајца тренери влијаеле на исходот од фудбалскиот натпревар Анкараспор-Назили Беледијеспор кој се играл во април минатата година.
Шест лица, од кои еден фудбалер, беа уапсени поради наводна завера за влијание врз исходот од натпреварот меѓу Умранијеспор и Гиресунспор, кој се играл во 2023 година.
Седум лица се во притвор, вклучувајќи го поранешниот претседател на Аданадепирспор, Мурат Санџак, поранешниот судија и сегашен спортски коментатор Ахмет Чакар и неговата сопруга, и судијата Зорбај Кучук за сомнителни финансиски трансакции.
До 7:15 часот утрово, 35 лица беа приведени со налози за апсење, притвор и претрес, како и конфискација на имот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

