Хаос во Турција: Навивачи влегоа на терен и нападнаа поранешен НБА кошаркар (ВИДЕО)

Поранешниот НБА кошаркар Малачи Флин ја доживеа навивачката атмосфера во Турција на своја кожа. Во шестото коло во ЕвроКупот против Бурсаспор, Флин одигра натпревар кој ќе го памети: 36 поени со седум погодени тројки од десет обиди, а последната, онаа најважната, влезе во мрежата на 7,2 секунди до крајот.

После тоа Бахчешехир го одбрани последниот напад на домашните, по што Флин во еуфорија ја фрли топката кон еден навивач. Навивачот му ја врати топката, по што таа го удри во главата, па настана хаос.

Неколку навивачи се обидоа да влезат на теренот, а редарите и играчите на Бурсаспор се обидоа да ја смират ситуацијата. Напнатоста траеше неколку секунди, но доволна да го засени мечот.

Се вчитува...