Бразилецот Тајсон доби црвен картон на украинското дерби меѓу Шахтјор и Динамо кое неговиот тим го доби со 1-0. Тој им покажа среден прст на навивачите на Динамо и ја шутна топката кон нив бесен поради наводните расистички навреди.
Инцидентот се случи во 77 минута, судијата го прекина мечот, по пет минути играчите се вратија на теренот, а на Тајсон тогаш му беше покажан црвениот картон. И неговиот клуб, но и Динамо реагираа со осуда на однесувањето на навивачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА