Хаос по улиците во Франција и Белгија по поразот на Мароко: Загина едно дете, десетици повредени, стотици приведени (ВИДЕО)

Едно дете загина во францускиот град Монпеље за време на судирите меѓу навивачите на Франција и на Мароко по полуфиналето на Светското првенство.

Вистински хаос имаше во неколку градови во Франција, но и во Брисел, Белгија, кој го предизвикаа навивачите на Мароко по поразот во полуфиналето на Мундијалот во Катар.

Во соопштението на локалните власти од Монпеље се наведува дека детето загинало кога во него насилно удрил автомобил. Префрлено е веднаш во болница, но за жал, починало не долго по приемот во болницата.

 

Белгиските медиуми, пак, јавуваат дека дека десетина се повредени а стотици приведени по немирите на навивачите кои се впуштиле во судир со полицијата во Брисел, Белгија. Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на полициски возила но и оштетување приватен имот.

 

Се вчитува...