Хаос во Вашингтон: Пукање на бејзбол меч, тројца повредени, илјадници луѓе бегаа (ВИДЕО)

Натпреварот од професионалната американска лига меѓу Вашингтон Нешнлс и Сан Диего Падрес не го дочека својот крај поради пукање кое се случило во близината на стадионот на франшизата од главниот град на САД.

Како што објави полицијата до пукање дошло покрај стадионот каде учесниците во немилиот настан се наоѓале во два различни автомобили и пукале едни на други. Тројца луѓе биле повредени во немилиот настан, од кои една девојка која не ни била поврзана со пукотницата, туку дошла да го гледа бејзбол мечот.

Неколку од истрелите се слушнаа и на стадионот што ги вознемири присутните кои во паника почнаа да го напуштаат.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jomboy Media (@jomboymedia)

Се вчитува...