ХАОС ВО ВМФЛ: Од Беласица се жалат „Нашиот тренер е нападнат со тупаници, ни се заканија дека ќе биде искористено огнено оружје!“

Македонскиот фудбалски второлигаш излезе со обвинувања пред денешниот меч против Локомотива Пехчево дека нивниот тренер и тренерот на голманите биле физички нападнати во соблекувалната.

Како што велат им биле упатени закани дека ќе се искористи и огнено оружје.

Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение.

„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица. Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!! Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот“, стои во соопштението на ФК Беласица. 

Се вчитува...