Хаосот на Чаир низ објективот на ЕКИПА… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Неславни сцени на Чаир во четвртфиналето од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија, натпревар на кој се одиграа само 10 минути.

Натпреварот беше прекинат уште во 10. минута од средбата, поради хаосот кој го приредија навивачите на Шкупи веднаш откако гостите поведоа со голот на Дашмир Елези.

Елези по постигнатиот погодок низ радоста испрати провокации кон навивачката трибина на Шкупи, по што следеше упад на теренот од страна на дел од навивачите на домашните, а потоа и целосен хаос со физички пресметки и на фудбалерите со дел од навивачите.

Нешто потоа, откако судиската тројка се повлече во соблекувалните, припадници на специјалните единици на полицијата ги извлекуваа и фудбалерите на Шкендија кон соблекувалните каде повторно беа нападнати со пиротехнички средства од навивачите на домашните. Потоа и фудбалерите на Шкупи, по десеттина минути, се повлекоа во соблекувалната за дефинитивен крај на дуелот кој сега ќе има епилог на „зелена маса“.

 

 

Се вчитува...