Инцидентот во Белград пред третиот натпревар во финалето на АБА Лигата помеѓу Партизан и Црвена Звезда ги разбранува страстите во Србија.
Црвена Звезда се јави со соопштение и го обвинува Партизан дека нивниот кошаркар Џејмс Нанали го нападнал играчот на Звезда, Стефан Лазаревиќ, а покажа и фотографија од ликот на Лазаревиќ.
Беше објавена и снимка низ медиумите на која се гледа тепачката, а се огласија и од Партизан, од каде прашаа каде исчезнала една минута од снимката. Затоа Партизан го објави целиот дел од снимката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА