Напнатоста во „црвениот камп“ достигна врв по изјавата на Мохамед Салах, кој отворено го обвини тренерот Арне Слот и раководството на клубот дека го „фрлиле под автобусот“. Египетскиот ас, кој се соочи со три последователни средби на клупата, изјави дека дуелот со Брајтон следната сабота може да биде неговиот последен за Ливерпул, ставајќи го под прашање целиот негов идентитет на „Енфилд.“
Салах без влакно на јазикот распука по Слот и клубот, а според информациите Ливерпул размислува да го казни египетскиот фудбалер. Од раководството на „црвените“ треба да донесат одлука дали Мохамед Салах ќе патува денеска во Милано каде утре Ливерпул му гостува на Интер во Лигата на шампионите.
Атмосферата во Ливерпул, особено по изјавата на Салах е неодржлива и наскоро ќе треба да биде пресечено кој да остане, дали Слот или египетскиот фудбалер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

