Откако Нигерија не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар, настана вистински хаос на стадионот во Aбуџа каде навивачите незадоволни од ремито на својата репрезентација рушеа се пред себе, а анархијата не помина без жртви.
Имено, како што пренесува фудбалската федерација на Замбија, во стампедото починал докторот Жозеф Кабунго, кој на натпреварот ја вршел функцијата на официјално лице на Афричката фудбалска конференција.
„Фудбалската федерација на Замбија жали за прераната смрт на докторот Жозеф Кабунго, кој беше официјален лекар на ФИФА И АФК. Тој почина на должност на стадионот во Абуџа во реванш натпреварот во квалификациите за Светското првенство помеѓу Нигерија и Гана кој заврши со резулат 1-1“, стои во дел од соопштението на ФФ на Замбија.
Really sad that Zambian doctor Joseph Kabungo who was working as the CAF/FIFA Medical Officer at the Nigeria v Ghana game in Abuja yesterday was beaten by fans until he lost his consciousness. There were efforts to save his life but he didn’t make it.
May his soul rest in peace. pic.twitter.com/r6U0Ob3cz6
— Usher Komugisha (@UsherKomugisha) March 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА