Хаосот во Работнички продолжува: Си замина и центарот Полутак

Хаос продолжува да владее во таборот на Работнички откако „центарци“ денеска претрпеа нов удар – со заминувањето на Имран Полутак.

Босанкиот центар пристигна во Работнички на стартот од сезонава и се наметна како клучен играч во ротацијата на тренерот Самарџиев. Тој важепе за еден од најдобрите кошаркари на својата позиција во Првата лига, но Полутак сепак го загуби трпението по бројните лажни ветувања дадени од управата на клубот.

Платите што се должат во Работнички веќе не се никаква тајна, Полутак досега покажуваше трпение, но Босанецот на крајот реши да се спакува и да ги напушти скопските „црвено-бели“.

Полутак сезонава имаше просек од 14,1 поен и 7,4 скокови по натпревар во дресот на Работнички.

Се вчитува...