Хаосот во Софија даде резултат: Претседателот на фудбалската федерација си поднесе оставка

Првиот човек на Бугарската Фудбалска Федерација, Борислав Михајлов, денеска си поднесе оставка од функцијата по големиот притисок на јавноста.

Пред последниот квалификациски меч во центарот на Софија беа организирани протести против Михајлов, а во хаосот беа запалени неколку возила и повредени дел од демонстрантите и неколку полицајци. Михајлов тогаш најави дека нема намера да се повлече, но во меѓувреме го смени ставот и денеска си поднесе оставка.

„Си поднесов оставка. Од првиот момент кога се вратив на чело на БФФ,раководството на фудбалот и целокупната администрација на чело со мене бевме изложени на неверојатни притисоци, критики, лаги и агресија. И покрај сето тоа, успеавме да оствариме голем дел од плановите кои ги опфативме со стратегијата за развој на фудбалот што ја презентиравме пред доаѓањето. Репрезентациајта не се претстави на нивото што сите го посакувавме, но кога е во прашање на спортот, не постои гаранција за успех. Се што можеше да се направи од моја страна, беше направено“, изјави Михајлов.

Изборот на нов претседател ќе биде закажан за следната година, најверојатно на 15 март 2024.

Се вчитува...