Хаосот во Спортинг продолжува, суспендиран и Бас Дост!

Хаосот во Спортинг Лисабон не се расчистува ниту во текот на денешниот ден, откако на листата на суспендирани фудбалери се најде и најдобриот стрелец на португалскиот тим, Холанѓанецот Бас Дост.

Само за потсетување, играчите на Спортинг одбија да се појават на вчерашниот тренинг по критиките од страна на претседателот, објавувајќи на профилите од социјалните мрежи порака во која јавно го искажаа задоволството. Следеше суспензија за сите 19 фудбалери, меѓу кои и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, а денеска поддршка на соиграчите им даде и Дост, кој нема свој профил на социјалните мрежи, но во целост ја зазеде страната на суспендираните.

Интересно, во меѓувреме двајца првотимци, Думбија и Рибеиро, ги избришаа постовите од своите профили и беше најавено дека ќе се вратат во тимот. Спортинг викендов го очекува натпревар против Пакош Фереира, меч што според португалските медиуми тимот од Лисабон ќе го одигра со членови на младинската екипа.

Се вчитува...