Скандалот со местење на натпревари во турските фудбалски лиги зема се поголеми пропорции, бројни судии беа уапсени за вмешаноста, а во текот на вчерашниот ден беше објавено дека се изречени суспензии на над 1.000 фудбалери за кои е докажано дека се обложување на фудбалски натпревари во оваа земја.
На насловните страници се најде фудбалерот на Галатасарај, Ерен Ермали, кој беше повикан во националниот тим за ноемвриските квалификации, а потоа избришан од списокот токму поради вмешаноста во овој скандал.
Ермали се појави во јавноста тврдејќи дека како играч на Галата, но и претходно на Касимпаша и на Трабзонспор, нема ниту еден облог, а случајот за кој е обвинет се однесува на еден единствен тикет уплатен пред нецели пет години, кога тој се уште не беше дел од турската Супер-лига, а воопшто не се обложил на исходот на натпревар на својот тогашен тим.
Турската Федерација објави дека третиот и четвртиот ранг на натпреварување е суспендиран на две седмици, средбите од Супер-лигата ќе продолжат според планот, а истрагата ќе продолжи и во периодот што следи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

