Итан Хап по пауза од повеќе од една година повторно го облече дресот на Македонија, а американскиот центар се покажа во одлично светло стигнувајќи до дабл-дабл од 15 поени и 14 скокови.
Тој не го криеше задоволството од остварената победа, воедно истакнувајќи и дека очекува уште подобри и поконстантни изданија од нашата репрезентација во наредниот период.
„Игравме силно, тренерот направи одлична работа со подготовките цела недела, асистентите исто така, но најважно е што ние ги исполнивме целите. Секој поен е важен, но најважно е што победивме. Луксембург е добар тим, а ние имаме нов селектор и сè уште се обидуваме да се вклопиме на неговата филозофија, а имавме само четири заеднички денови за подготовките. Имавме големи падови, а за да се победат поголеми репрезентации, мора да играме на исто ниво 40 минути. Овој тим има голем талент, Андреј Јакимовски не беше тука минатиот пат кога играв, неговото присуство е од големо значење и навистина е значаен дел од овој тим“, истакна Хап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

