Итан Хап беше меѓу најдобрите поединци во македонскиот национален тим на дуелот со Естонија, а се очекува нашиот нов Американец да биде клучен играч и на утрешното гостување против Полска.
Полска во првото коло загуби од Литванија, па оваа селекција сигурно максимално мотивирана ќе влезе во дуелот со нашиот национален тим. Полјаците веќе имаат обезбедено пласман на Евробаскет 2025 како еден од домаќините на овој шампионат, но селекторот ги повика најдобрите кошаркари за овој февруарски ФИБА-прозорец, па утрешниот ривал ќе биде предводен од двајца евролигашки кошаркари, Понитка од Партизан и Балцеровски од Панатинаикос.
„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен. Ќе мораме да се бориме како кучиња за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат. Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“, истакна Итан Хап.
Тој се осврна и на премиерниот дуел со Естонија што Македонија го заврши со пораз, на дебито на Хап за нашиот национален тим.
„Направивме премногу грешки против Естонија, тоа беше причината за поразот. Во првото полувреме одлично ги оддалечивме во рекетот, но во вториот дел ситуацијата се промени. Бевме надвор од ритам, загубените топки беа многу важен фактор за тој пораз од Естонците“, прокоментира американскиот центар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА