Хап: Прекрасно е што се вратив во репрезентацијата, има добри таленти во овој тим

Македонската кошаркарска репрезентација ги очекува двата меча против Луксембург и против Азербејџан во претквалификациите за Евробаскетот 2029 година.

Новиот селектор Берокал го има на располагање Етан Хап. Повредите го спречија да го продолжи оној континуитет на добри игри во дресот на Македонија. Но овој февруарски ФИБА „прозорец“ му отвора нов простор на Американецот кој во овој момент е дел до шпанскиот АЦБ-лигаш Бургос, да го направи тоа.

„Прекрасно е да се вратам, и да бидам дел од репрезентацијата. Сеуште има некои од соиграчите од претходниот пат, со кои бев во тимот. Па затоа сум среќен што се вратив и сум заедно со тие момци. А, и новите соиграчи се многу пријателски расположени кон мене, и многу отворени. Сметам дека имаме навистина добри таленти во овој тим“ – вели крилниот играч и додава:

„Кога станува збор за Луксембург и Азербејџан, мислам дека селекторот најдобро знае што треба, а ние треба само да се грижиме и следиме неговите упаства. Многу е поважно да се подобриме фокусирајќи се на тоа како сакаме да играме и потоа за играта, да знаеш дека си спремен да дадеш 100% од себе“ – вели Американецот со македонски пасош.

Се вчитува...