Василије Мициќ се уште не дебитираше во израелскиот шампионат за Хапоел Тел Авив, а нема да биде на теренот ниту на големото дерби против Макаби.
Како што пренесуваат израелските медиуми, српскиот кошаркар не е пријавен за најважниот натпревар во израелската кошарка, а покрај него Димитрис Итудис ги изостави Крис Џонс, Колин Малком, Иш Вејнрајт и Бруно Кабокло.
Од друга страна, во има изненадувања и во Макби, бидејќи Одед Каташ го изостави Лони Вокер од списокот. Израелскиот стручњак напомена дека еден од најдобрите играчи е повреден, па поради тоа одличниот Американецот ќе го пропушти натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

