Хапоел уште еднаш ги потврди огромните амбиции со кои влегува во дебитантската евролигашлка сезона откако израелскиот тим осигура уште еден важен потпис.
Откако ја доби трката по Василије Мициќ пред сите европски гиганти, раководството на Хапоел реши да ангажира уште еден врвен плејмејкер, и тоа Крис Џонс од редовите на Валенсија. Американецот има 32 години и важеше за лидер на Валенсија во претходните три сезони, но иако овој тим исто како и Хапоел доби вајлд-карта за влез во Евролигата, искусниот плејмејкер сепак реши дека е дојден моментот да ги смени клупските бои.
Тренерот Итудис во Мициќ и Џонс добива извонреден плејмејкерски тандем, а израелските медиуми најавуваат дека ова е само почеток и дека Хапоел во наредните седмици ќе обезбеди најмалку уште две врвни засилувања.
Валенсија веќе потпиша нов плејмејкер на местото на Џонс, станува збор за Дариус Томпсон, кој си замина од Анадолу Ефес и се врати назад во Шпанија (претходно настапуваше во дресот на Басконија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

