Хапоел ја надмина кризата по четирит евролигашки порази во низа, па израелскиот гигант успеа да врзе две победи откако вечерва како гостин славеше над Барселона со резултат 75-80.
Барса беше подобра во првиот период (26-19), но Хапоел со фуриозната втора четвртина (14-27) го сврте резултатот во своја полза и си го трасираше патот до победата. Во главна улога беше Брајант со вкупно 32 индексни поени (21 поен, шест скока, четири асистенции), Отуру беше прв стрелец со 22 поени, додека најефикасен кај Барселона беше Пантер со 17 поени.
Милано на домашен терен го совлада Макаби со резултат 96-87, со што италијанскиот тим се врати во игра во трката за место во плејин-доигрувањето.
Џош Нибо доминираше во рекетот со дабл-дабл од 19 поени и 10 скокови, Шилдс постигна 17 поени за Милано, додека најефикасен кај Макаби беше Вокер со 16 поени, но и слаб шут од поле 4/17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

