Хапоел уште еднаш покажа зошто е лидер во Евролигата, триумфирајќи на гостувањето против Милано со убедливи 83-105. Италијанскиот првак беше во серија од четири евролигашки победи во пресрет на овој дуел, но кошаркарите на Еторе Месина беа целосно надиграни од противникот кој одигра уште еден беспрекорен офанзивен меч, четврти пат сезонава постигнувајќи троцифрен број на поени.
Отуру и Блејкни се на врвот на листата на стрелци со по 20 поени, два помалку имаше Илајџа Брајант, а најефикасни кај Милано беа Болмаро со 16 и Елис со 15 поени.
Панатинаикос со супериорно второ полувреме го совлада тимот на Дубаи со убедливи 103-82, меч во кој во првото полувреме повреди заработија најпрвин Џеди Осман кај ПАО, а потоа и Алекса Аврамовиќ во гостинскиот табор. Дубаи по првите 20 минути имаше водство од 45-48, но грчкиот гигант одигра извонредна трета четвртина што ја доби со 30-14, го сврте резултатот во своја полза и во последните десет минути го дотолчи противникот.
Кендрик Нан беше одличен со 22 поени (18 од нив во вториот дел), по 15 постигнаа Слукас и Грант, додека Кабенгеле со 18 поени ги предводеше стрелците кај Дубаи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

