Хапоел му подготвува отказ на Димитрис Итудис

Грчкиот тренер Димитрис Итудис би можел да биде отпуштен од Хапоел Тел Авив. Кога Димитрис Итудис го презеде Хапоел Тел Авив, тие беа само проект, па тој го освои Еврокупот со нив и ги воведе во Евролигата, каде што речиси ја држеа првата позиција на табелата иако ова е нивна дебитантска сезона.

Откако се повреди Илајџа Брајант, Хапоел целосно се распадна. Василије Мициќ игра катастрофално и постојано е мета на критики од медиумите низ цела Европа.

Итудис лесно би можел да биде отпуштен поради резултатите и формата на тимот. Израелските медиуми објавуваат дека Офер Јанај ќе го отпушти Димитрис Итудис ако изгубат од Хапоел Ерусалим претстојниот викенд.

Хапоел Тел Авив веќе е елиминиран од Купот на Израел и уште еден пораз против тимот од Ерусалим лесно би можел да биде последен за Итудис на клупата на овој тим.

Се вчитува...