Плејмејкерот на Хапоел Тел Авив, Василије Мициќ, кој вчера го водеше тимот до победа од 99-88 над Макаби во меч од Евролигата во Белград, беше вратен од аеродромот „Никола Тесла“ бидејќи го заборавил пасошот.
Планот беше сите да се вратат во Софија бидејќи главниот град на Бугарија повторно стана база на Хапоел, но 32-годишниот српски репрезентативец мораше да го пропушти тој лет.
Мициќ му даде на Макаби девет поени, собра пет скока и подели три асистенции, но ќе мора да остане во главниот град на неговата родна земја уште еден ден додека не му биде издаден пасошот, па ќе се приклучи на тимот пред последниот натпревар од лигашката фаза на елитното континентално натпреварување.
Станува збор за гостување во Монако, а Хапоел, кој обезбеди директно место во плејофот на Евролигата, ќе гостува на Азурниот брег во натпреварот од 38. коло во петок во 19.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

