Хапоел се засили со поранешен НБА кошаркар

Новиот евролигаш Хапоел Тел Авив во новата сезона ќе може да смета на услугите на Тајер Енис, искусниот 30-годишен плејмејкер кој официјално потпиша двогодишен договор.

За Енис ова воедно значи и враќање во редовите на израелскиот клуб каде настапуваше кратко во 2024 година пред да се пресели во Венеција со која имаше извонредна сезона.

Енис носи и евролигашко и НБА искуство за новиот член на најсилното европско кошаркарско првенство бидејќи претходно настапуваше и за Феникс, Милвоки, Хјустон и ЛА Лејкерс како и за Фенербахче на стартот на кариерата во Европа.

Се вчитува...