Кошаркарите на Хапоел лесно и убедливо го победија тимот на Фенербахче со 95-80 во 36. коло од Евролигата во Софија.
Еден од најзаслужните играчи за триумфот на тимот на Димитрис Итудис беше српскиот репрезентативец Васа Мициќ со 19 поени, од кои 14 додаде во првото полувреме. Шутираше 4/11 за два, 1/3 за три, 8/9 за еден, а запиша четири асистенции и две украдени топки.
Во соработка со Елија Брајант (21п, 9ск, 5ас) и Ден Отуру (21п), и Антони Блејкни (17п), Мициќ беше нерешлива енигма за играчите на гостинскиот тим, кои го одиграа овој натпревар, како и неколку претходни, далеку под своите стандарди.
Тактички или не, на самиот крај од сезоната, Фенер забележа ненадеен пад на резултатите, најлошата серија од почетокот, иако европскиот шампион не е загрижен за плејофот благодарение на претходната победничка серија.
Вејн Болдвин беше убедливо најдобар во поразениот тим со 22 поени. Зад него по ефикасност беше Тарик Биберовиќ со 11 поени, додека Хортон-Такер и Бостон додадоа по 10 поени.
Хапоел сега, со натпревар помалку, има скор од 22-13 и го дели третото место со Реал Мадрид и Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

