Џејмс Харден беше во главна улога на мечот меѓу Орландо и Хјустон што „ракетите“ го добија со убедливи 107-130. Одличниот шутер го заврши натпреварот со 52 поени, втор меч во серија на кој ја минува границата од 50 постигнати поени. Уште поимпресивно е што Харден втор меч во низа постигна десет тројки, нешто што претходно во историјата му има успеано само на Стеф Кари.
Милвоки благодарение на фуриозната последна четвртина стигна до триумф во Мемфис (114-127). Домаќините имаат за што да жалат бидејќи до третиот период имаа двоцифрена предност, но Милвоки одигра импресивно во последните 12 минути, добивајќи ги со 37-19 за продолжување на серијата што сега изнесува 17 победи во низа. Адетокумбо постигна 17 од своите 37 поени во последната четвртина, додека најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на Мемфис, Џексон Џуниор со 43 поени.
Милвоки има скор од 23 победи и три порази во досегашниот дел од сезоната, исто колку и ЛА Лејкерс, што е првпат две екипи да имаат ваков импресивен старт на една сезона по пауза од 44 години, кога во 1972 година, кога тоа им успеа на ЛА Лејкерс и на Бостон Селтик.
„Езерџиите“ синоќа славеа во Мајами со 110-113, a во главна улога повторно беа Антонио Дејвис со 32 поени и Леброн Џејмс со 28 поени, 12 асистенции и девет скокови.
Резултат НБА:
Мајами – ЛА Лејкерс 110-113, Орландо – Хјустон 107-130, Филаделфија – Њу Орлеанс 116-109, Атланта – Индијана 100-110, Чикаго – Шарлот 73-83, Мемфис – Милвоки 114-127, Јута – Голден Стејт 114-106, Минесота – Голден Стејт 117-124, Сакраменто – Њујорк 101-103.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

