Кошаркарите на Хјустон славеа против Кливленд со 117-112 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата предводени од Џејмс Харден кој го запиша 16-от „трипл-дабл“ во сезоната.
Харден мечот го заврши со 38 поени, 11 асистенции и 10 скока. За него тоа беше и 30-от натпревар сезонава на кој постигна повеќе од 30 поени. Рајан Андерсон дополни со 16 поени, а по 13 поени постигнаа Беверли и Ерик Гордон.
Во редовите на Кливленд, кој запиша и четврти пораз во последните пет меча, најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени, додека Кајри Ирвинг запиша 28 поени.
Бруклин ја забележа својата прва победа на домашен терен во 2017 година, славејќи против Њујорк со 120-112. Нетси последен пат дома славеа на 26. декември минатата година, па сега ја прекинаа низата од 16 едноподруго порази.
Најефикасен во победата беше Брук Лопез со 25 поени, додека кај Њујорк најдобар беше Кармело Ентони со 27 поени.
Демијан Лилард го предводеше Портланд до победата од 110-101 против Феникс, со 39 поени, од кои 28 постигна во првото полувреме. На спротивната страна најефикасен беше Девин Букер со 28 поени.
Пол Џорџ, пак, со 28 поени и 10 скока ја предводеше Индијана до победата над Мајами од 102-98. Го следеа Мајлс Тарнер со 15 поени и Џеф Тиг со 12 поени, додека кај Мајами најдобар беше Хасан Вајтсајд со 26 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Бостон – Чикаго 100-80, Бруклин – Њујорк 120-112, Индијана – Мајами 102-98, Хјустон – Кливленд 117-112, Феникс – Портланд 101-110, ЛА Лејкерс – Филаделфија 116-118
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА