Харден: Господинот е лажго, не сакам да бидам дел од Филаделфија

Кошаркарот на Филаделфија 76 Џејмс Харден нема намера да остане член на франшизата од Пенсилванија.

На социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види поранешниот МВП како го критикува генералниот менаџер на „франшизата“ Дерил Мори.

„Господинот Дерил Мори е лажго и јас никогаш нема да бидам дел од организацијата во која тој е дел. Дозволете ми да го кажам тоа уште еднаш: Дерил Мори е лажго и јас никогаш нема да бидам дел од организација од која тој е дел“, изјави Харден.

Харден бара нова средина, но има договор со Филаделфија до крајот на сезоната. Клубот смета на него, но очигледно Харден не сака да игра за Филаделфија трета сезона по ред.

Се вчитува...