Харден и Богдановиќ во епизода „Белците не можат да скокаат“ (ФОТО)

Богдан Богдановиќ оваа година го промени дресот на Атланта со оној на ЛА Клиперс и одлично се најде во новата средина прераснувајќи како еден од милениците, не само на фановите, туку и на соиграчите.

По триумфот над Мајами пофалба за одличниот настап на Србинот покажа и суперѕвездата Џејмс Харден кој на социјалните мрежи објави интересна фотографија нагласувајќи го култниот фулм „Белците не можат да скокаат“ снимен во 1992 година.

 

Пофални зборови за Харден имаше и Богдановиќ кој изјави дека со неговиот натпреварувачки менталитет го мотивира и самиот да даде се од себе.

„Тој е неверојатен натпреварувач, го извлекува најдоброто од мене и сака да победи во секој натпревар. Се уште се воигрувам со него, но на добар пат сме“, изјави Богдановиќ.

Се вчитува...