Харден испиша историја, ЛА клиперс загуби од Минесота

Минесота славеше на дуелот со ЛА Клиперс со 109-106, меч на кој Џејмс Харден испиша историја влегувајќи во топ-листата од 10 најдобри стрелци на сите времиња во НБА-лигата. Харден стигна до бројката од 28.303 поени во кариерата, прескокнувајќи го Кармело Ентони, па „брадата“ сега е десетти најдобар стрелец на вечната листа. Тој го заврши мечот со 34 поени, но и тоа се покажа недоволно за да се стигне до позитивен резултат. Клиперси имаа водство во голем де,л од мечот, но потклекнаа во финишот кога центарот Рид ги постигнна клучните поени за Минесота.

Далас триумфираше во дуелот против Хјустон со 122-109, меч во кој Дејвис го предводеше победничкиот тим со 29 поени, додека Дурант имаше 27 поени за „ракетите“.

Канингем со 23 поени и 12 асистенции го предводеше Детроит до триумф над Милвоки, додека Џонсон со трипл-дабл од 30 поени, 12 скокови и 12 асистенции беше најзаслужен што Атланта убедливо славеше на гостувањето против Вашингтон.

Резултати НБА:

Вашингтон – Атланта 116-131 , Кливленд – Голден Стејт 94-99, Детроит – Милвоки 124-112, Мајами – Сакраменто 111-127, Минесота – ЛА Клиперс 109-106, Далас – Хјустон 122-109.

Се вчитува...