Ривалот на Никола Јокиќ во осминафиналната серија во НБА лигата, Џејмс Харден по поразот на ЛА Клиперс во четвртиот натпревар и новото израмнување на серијата имаше интересна изјава за америкските медиуми во однос на МВП наградата.
Американската супер ѕвезда вели дека Јокиќ е најдобриот кошаркар на светот, но сите кошаркари сакаат МВП наградата да заврши во рацете на Шеј-Гилџус Александар.
„Без сомнение Јокиќ е најдобар кошаркар во лигата. Сепак, сите играчи сакат Шеј да ја освои МВП наградата поради сезоната која ја имаше и забележаните победи“, изјави Харден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА