Американскиот кошаркар Џејмс Харден се очекува да ја одбие играчката опција во договорот со ЛА Клиперс која му носи дополнителна сезона во оваа франшниза, но воедно и да остане дел од неа потпишувајќи нов двогодишен договор.
Истиот ќе биде со вредност од 80 милиони долари што значи дека ќе продолжи трендот искусниот кошаркар да прифаќа помали договори.
Харден е дел од ЛА Клиперс од 2023 година. Претходно настапуваше и за Оклахома, Хјустон, Бруклин и Филаделфија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

