Харден се откажува од 15 милиони за да има подобар тим

Бекот на Филаделфија 76, Џејмс Харден се согласи на намалување на платата за 15 милиони долари како би можело тимот од Пенсилванија да направи подобар тим во борбата за шампионскиот прстен во НБА.

Американските медиуми пишуваат дека тој прифатил да земе 47 милиони долари во следната сезона и дека планира да потпише нов долгогодишен договор со „76“.

Тој во сезоната 2022/2023 ќе добие 15 милиони помалку. Тоа значи дека „сиксерс“ ќе бидат пофлексибилни на пазарот и ќе можат тие пари да ги искористат за доведување на поквалитетни кошаркари. И следната сезона Филаделфија со Харден и Ембид ќе биде еден од фаворитите во источната конференција.

Се вчитува...