Харден се сели во Кливленд, голем трејд помеѓу Јута и Мемфис

Лос Анџелес Клиперс го испратија Џејмс Харден во Кливленд на крајот од преодниот рок, објави добро информираниот НБА инсајдер Шамс Чаранија. Дариус Гарланд ќе оди во спротивна насока, како и еден избор од втората рунда.

Информациите за потенцијалното заминување на Харден се појавија неколку часа пред официјалното затворање на размената. На овој начин, двата тима разменија плејмејкери и го добија она што им беше потребно досега во сезоната. Клиперси успеаја малку да го подмладат својот состав, додека Кливленд стекна многу потребно искуство кое ќе им биде корисно во плејофот.

Јута и Мемфис исто така направија големи размени. Џарен Џексон Џуниор, Џон Кончар, Џок Ландејл и Винс Вилијамс Џуниор беа испратени во Јута во замена за Волтер Клејтон Џуниор, Кајл Андерсон, Тејлор Хендрикс i Џорџ Нианг.

Чикаго, Минесота и Детроит исто така разменија играчи. Џејден Ајви и Мајк Конли се нови играчи на Булс, додека Кевин Ертер и Дарио Шариќ ќе одат во Детроит.

Се вчитува...