Хари Кејн е актуелен во фудбалската јавност поради одличната форма во која игра за Баерн Минхен, но и поради неверојатната понуда што англискиот голгетер ја доби – погодувате, од Саудиска Арабија.
Екс-шампионот Ал Хилал е подготвен да го направи Кејн најплатен фудбалер во клупската историја, нудејќи му неверојатни 100 милиони евра по сезона, и тоа во наредните три години. Весникот „Билд“ уште пред неколку месеци објави дека Кејн има клаузула што му овозможува да си замине од Баерн во текот нна 2026 година ако некој клуб плати 65 милиони евра за трансферот на голгетерот.
Досега се шпекулираше само за камбек во Премиер-лига, но челниците на Ал Хилал се сериозни во намерата да го доведат Англичанецот во своите редови. Кристијано Роналдо има над 200 милиони евра годишна плата во Ал Наср, но во случајот на Кејн понудата е двојно пониска во однос на Португалецот, но сепак осум пати поголема од она што тој моментно го заработува во Баерн.
Отштетата од 65 милиони евра нема да биде никаков проблем, но сепак ќе пресуди желбата на самиот фудбалер, дали да ги следи спортските амбиции и со Баерн да ја нападне и титулата во Лигата на Шампионите, или пак во четвртата децеинја од животот да тргне по финансиски најдобриот пат пред да ја заврши кариерата.
Кејн игра во неверојатна форма од стартот на сезонава и веќе има постигнато фантастични 17 гола на девет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

