Капитенот на Англија, Хари Кејн доби статуа пред спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон кои наиде на лавина на реакции на социјалните мрежи бидејќи сличноста е минимална.
Нарачката е направена од родниот крај на Кејн, Велтам Форест и тоа во 2019 година додека тој се уште играше во Тотенхем, меѓутоа пет години поминала во складиште бидејќи властите не можеле да најдат адекватно место каде ќе ја постават.
Сега кога е поставена време за посета одвои и самиот Кејн кој порача дека е горд и се надева дека ќе инспирира повеќе деца да се занимаат со спортот.
„Многу сум горд, ова беше момент да се вратам таму каде што започна мојот фудбалски живот. Се надевам дека ова ќе и помогне на новата генерација да најде инспирација да работи напорно и да работи на себе“, изјави Кејн.
A real proud moment for me to go back to where my life in football began and unveil a statue. I hope it helps inspire the next generation to work hard and believe in themselves. 🙌📸 pic.twitter.com/rbAs8RrZgS
— Harry Kane (@HKane) November 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА