Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, ќе ја носи капитенската лента во селекцијата на Англија на Светското првенство во Русија. Селекторот Герет Саутгејт одлучи да му даде доверба на Кејн да биде ‘прв меѓу еднаквите’, иако и играчот за врска на Ливерпул, Џордан Хендерсон, е меѓу капитените на националниот тим.
„Тој е неверојатен професионалец и секој ден со своето однесување поставува уште повисоки стандарди за капитенската улога. Хари Кејн е важен фудбалер во нашиот тим, но исто така и уште поважна личност, затоа што има неверојатна желба за успех и верба во квалитетите на целата селекција“, ја објасни Герет Саутгејт одлуката да му ја довери капитенската лента на Хари Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА